Руски блогери се сомневаат дека веста за 600 убиени украински војници е измама
Приказната за 600 убиени Украинци е измама, велат руски блогери.
Некои влијателни руски блогери ги критикуваа тврдењата на руското Министерство за одбрана за 600 убиени украински војници.
„Ајде да зборуваме за измама. Не ни е јасно, кој и поради која причина одлучил сите 600 украински војници да загинат одеднаш ако всушност не била погодена зградата, дури ни струја не снемало“, напишал блогер под името Воен Информатор на Телеграм.
Киев го негираше тврдењето на Кремљ за 600 убиени украински војници.
Русија во неделата објави дека нивните сили убиле 600 украински војници во Краматорск, северозападно од Бахмут, но репортерот на Ројтерс на местото на настанот не најде докази за тие тврдења.
Новинарите на Ројтерс посетија две згради од студентскиот дом каде, според руските наводи, украински војници биле привремено стационирани. Една од зградите не ни била оштетена.
„Бахмут се држи и покрај сè. И иако поголемиот дел од градот е уништен од руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување“, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во вечерното видео обраќање.
Серхиј Череваџи, портпаролот на украинската војска за источниот регион, ги нарече руските наводи обид да се покаже дека тие жестоко одговориле на неодамнешните украински напади. Украинските власти тврдат дека минатата недела убила 760 руски војници во нападите врз Херсон и областа Запорожје. Но, овие информации не може независно да се потврдат.
Украина е полна со мини и се смета дека дури по една деценија ќе може да се исчисти.
