Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски бизнисмен повика Русите да ја дестабилизираат Владата и да го соборат Путин

Руски бизнисмен повика Русите да ја дестабилизираат Владата и да го соборат Путин

Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски ги повикa Русите да го соборат рускиот претседател Владимир Путин и има план како тоа да го сторат. 

Овој руски бизнисмен кој живее во егзил, ги повика Русите кои сè уште живеат во земјата да започнат бран на „саботажа“ против руските државни структури. Вели дека на тој начин ќе ја запрат војната на рускиот претседател во Украина, така што ќе ја дестабилизираат Владата. 

„Мораме да им објасниме на луѓето што можат да направат, да ги убедиме дека ни требаат да го направат тоа, а исто така да им помогнеме на луѓето ако тоа ги стави во опасна ситуација“, изјави Ходорковски за „Гардијан“.

Ходорковски, кој помина една деценија во затвор меѓу 2003 и 2013 година и сега живее во Лондон, кажа дека инвазијата ја променила агендата на руската политичка опозиција и тврди дека „вооружениот отпор“ може да игра улога во одреден момент во иднината.

Овој бизнисмен е прогласен за „непријател на народот“. 

Тој претходно објави документ во кој ги откри плановите на Путин за војната во Украина. 

Откако Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина, во повеќе градови имаше протести против војната, но тие набрзо стивнаа. Полицијата апсеше демонстранти. 


Слично

Поврзани вести