Руски автобус излета во Црното Море, има и мртви
На југот од Русија утрово загинаа 18 лица, а повеќе од 30 се спасени, кога автобус со градежни работници излета од патот и слетал во Црното Море.
Овие податоци ги соопшти Цивилната одбрана на Краснодарски крај и руското Министерство за вонредни ситуации.
„Спасувачите го пронајдоа телата на 18 лица кои загинале во несреќата“ - вели неименуван претставник на Службата за вонредни ситуации.
Локалните медиуми јавија дека според неофицијалните информации, причината за несреќата била непочитување на патни знаци.
Започната е истрага за случајот.
Министерството за вонредни работи соопшти дека автобусот и припаѓал на компанија која работела на пристаништето во Волна, село кое се наоѓа на полуостровот Таман. Русија прави мост кој ќе го поврзува Крим со Таман.
