Руски авиони ја тестираат одбраната на НАТО
Руски бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО а очигледно симулираат и борбени услови, рекол Игор Сутијагин.
Игор Сутијагин од Краљевскиот институт на обединетите служби (РУСИ), за Би-Би-Си изјавил дека изостанокот на комуникација на руските пилоти со контролорите на летање се „непријателски“ и „борбен“ чин.
НАТО соопшти дека било „необично“ зголемен број на такви летови оваа недела.
Напнатоста во односите помеѓу Русија и НАТО настана поради кризата во Украина. „Кремљ игра од страната на послабиот“, рекол Сутијагин. „Тоа вие како во покерот, блефира - се обидува да го испалши западот.“ НАТО соопштил во средата дека во претходните 48 часа авионите на НАТО пресретнале руски воени авиони над Северното море и Атлантскиот океан, четири над Црното море и повеќе од 10 околу Балтичкото море. Во сите инциденти руските авиони летале во меѓународниот воздушен простор. НАТО соопштил дека ги следел „за да ги идентификува леталата и да го заштити воздушниот простор на Алијансата“. Но во многу случаи авионите не го поднесувале планот на летот, ниту одржувале радио контакт со цивилната конрола на летање. Таквото однесување е ризично за цивилниот авио сообраќај, соопштиле од НАТО.
