Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската затворска управа: Почина Алексеј Навални

Руската затворска управа: Почина Алексеј Навални

Руската затворска управа објави дека починал критичарот на рускиот претседател Владимир Путин и опозиционерот Алексеј Навални, јави Sky News.

Алексеј Навални почина во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, соопшти во петокот регионалниот оддел на Федералната казнена служба, пренесува РИА Новости.

„На 16 февруари годинава, во воспитно-поправниот дом бр.3, осудениот Навални А.А. се чувствуваше лошо по прошетката, губејќи свест речиси веднаш. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош“, се вели во соопштението.

„Направени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденикот. Причините за смртта се утврдуваат“, се додава во соопштението.

Светските медиуми веќе на големо објавуваат за смртта на Навални.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести