Руската „ВТБ“ банка доби државна помош од 1,8 милијарди долари
Втората по големина „Надворешнотрговска банка - ВТБ“ во Русија соопшти денес дека примила 1,8 милијарди долари од државниот социјален фонд, во рамки на планираната докапитализација на банкарскиот сектор кој е тешко погоден од падот на рубљата и санкциите од западните земји наменети за Москва.
Исплатата на „ВТБ“ претставува прва транша од вкупната помош во висина од 250 милијарди рубљи, која ја одобри руската влада, пренесува агенцијата „Тасс“.
Банката средствата ќе ги искористи за финансирање на одржливи инфраструктурни проекти од листата која ја одобри Москва. Покрај тоа, нивото на задолжителен капитал во банката ќе порасне над 12 отсто.
Банката, втората транша помош во висина од 150 милијарди рубљи, би требало да ја добие кон крајот на првиот квартал од 2015 година.
Во капиталот на банката руската држава учествува со 60,9 отсто.
Слично
