Руската војска влезе во Њу Јорк!
И додека руската војска влезе во украинското место кое го носи името по најголемиот американски град, украинската војска завзема територии во руската област Курск.
Руското министерство за одбрана поточно нивниот генерал штаб објави дека нивните воени единици влегле во Њу Јорк. За да не настане забуна – станува збор за мало гратче во источна Украина. Местото именувано според еден од најголемите американски и светски градови се наоѓа во областа Донецк во Украина и е стратешка точка на одбранбената линија Покровск – Торетск – Волчанск.
Деталната мапа е достапна на следниот линк https://rusvesna.su/sites/default/files/styles/by_text/public/photo_2024-08-18_23-24-17.jpg
Според информациите на рускиот генерал штаб нивната војска по неколку дневни борби навлегла во ова место откако од него се повлекле украинските борци кои се утврдуваат на друга локација на фронтовската линија.
Воените аналитичари и блогери кои секогаш и неофицијално први објавуваат информации, пред тоа да го сторат генерал-штабовите на Украина или Русија, веќе објавија дека во ек се силни и интензиви борби долж фронтовската линија Покровск – Торетск – Угледар во источна Украина. Блогерите известуваат дека руската агресија отвора оган на повеќе локации на фронтовата линија иако нема значаен напредок на ниту една локација. Сите воени аналитичари се сложуваат дека токму оваа фронтовска линија, а особено градот Покровск е логистички јазол од стратешко значење и неговата одбрана е круцијална на украинската војска да се снабдува со ресурси, опрема, муниција и други потреби долж фронтовата линија.
Блогерите пренесуваат дека украинските сили со цел успешно одбивање на нападите врз Карливка се стационираат кон југ во и околу местото Калиново.
Инаку што се однесува до малото градче со големо име односно Њу Јорк станува збор за населба која во мирнодопски услови броела околу 10.000 жители, а до пред 2021 година го носела називот Новгородскоје.
Според достапни податоци ова место за прв пат во царска Русија се споменува под името Њу јорк кон крајот на 18 век во време на владеењето на руската царица Екатерина Втора. Всушност таа прифатила молба и примила група германски протестанти кои биле протерани од тогашното германско царство.
Во време на владеењето на комунистичкиот диктаторот Јосиф Васионарович Сталин во периодот на студената војна местото било преименувано во Новогородское кое по осамостојувањето на Украина се преименува во Новгородскоје за во 2021 година да му биде вратен стариот назив Њу јорк.
Р.Ф.