Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската војска киднапирала уште еден градоначалник

Руската војска киднапирала уште еден градоначалник

Руската војска киднапирала уште еден градоначалник, тврдат украинските власти. 

Велат дека е киднапиран Александар Шаповалов, градоначалник на Берислав, град во областа Керсон.

„Тој бил киднапиран во саботата и се уште е во рацете на руските сили“, велат локалните власти во Украина.

Русите претходно го киднапираа градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, но подоцна го пуштија. 

Пред 26 дена, Русија ја почна војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести