Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската војска киднапирала украински градоначалник

Руската војска киднапирала украински градоначалник

Русите го киднапирале градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров. 

Од украинското МНР велат дека вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права.  Велат дека градоначалникот е киднапиран на 11 март. 

„Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта, цинично го обвинуваат градоначалникот за „тероризам”. Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна. Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на киднапирањето на Иван Федоров и другите цивили и да го зголеми притисокот врз Русија да ја прекине својата варварска војна против украинскиот народ“, велат од министерството.

Украина бараше построги санкции за Русија, но и затворање на небото. Пред 16 дена Русија ја започна инвазијата на Украина. 

Сега Украина стравува дека може да ги нападне и Белорусија, земјата која ја поддржува Русија. 

Слично

Поврзани вести