Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската војска добива 50 нови интерконтинентални ракети

Руската војска добива 50 нови интерконтинентални ракети

Руската војска ќе обезбеди 50 интерконтинентални балистички ракети оваа година, рекол началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Со ова руската војска ќе го задржи високото темпо на модернизација и покрај бавниот раст на економијата, пренесува АФП.

Оваа изјава на Герасимов следела после моментот на растечките тензии помеѓу Русија и Западот околу Украина, каде борбите на проруските сили и украинската војска повторно овој месец се зголемиле после релативно мирниот период.

Герасимов рекол дека модернизацијата на оружјето би требало да спречи САД и НАТО да остварат воена надмоќ во однос на Русија.

Тој навел дека развојот на стратешките нуклеарни сили е главен приоритет.

Герсимов нагласил дека Русија развива и прецизно конвенционално оружје на далек домет како одговор на американскиот програм Брз глобален удар.

Слично

Поврзани вести