Руската Влада се оградува од одлуката за стопирање на увозот од Украина
Царинските служби ја донеле одлуката за стопирање на увозот на украински прехрамбени производи, соопштуваат од Руската влада .
За сега нема официјално објаснување за постапката на руските власти. Украинскиот премиер Никола Азаров изјави дека потегот следи по одлуката за формирање на царинска унија меѓу Белорусија, Казахстан и Русија.
Украина најави дека ќе соработува со европската царинска унија. Официјална Москва бара од украинските власти да не развиваат соработка со европските царински власти, со цел да бидат примени во царинската унија на чело со Русија.
Слично
