Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската влада одобри план за преструктуирање на кредитот за Кипар

Руската влада одобри план за преструктуирање на кредитот за Кипар

Руската влада одобри план за преструктуирање на кипарскиот кредит од 2,5 милијарди долари. Според изјавата на рускиот министер за финансии, Сергеј Сторчак, Кипар ќе го враќа долгот на осум еднакви рати почнувајќи од 2016 година. Никозија претходно побара од Москва да и биде продолжен рокот за враќање на кредитот за пет години, поради лошата финансиска ситуација во која западна поради кризата.

Кипар од 2016 година ќе треба да го враи долгот кон Русија на осум наместо нја една рата. Новите услови за враќање на кредитот предвидуваат намалена камата од 4,5 на 2,5 отсто. Секоја рата ќе се исплаќа на шест месеци“, појасни Сторчак.

Русија во 2011 година му даде на Кипар кредит од 2,5 милијарди долари со рок на исплата од 4,5 години со каматна стапка од 4,5%, многу пониска од европските каматни стапки.

Слично

Поврзани вести