РУСКАТА РУБЉА ПОВТОРНО СЕ ЗАЈАКНУВА-ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР: Дали Русија се враќа на меѓународните финансиски пазари?
Руската валута
брзо закрепнува, откако рускиот претседател Владимир Путин кон средината на
неделата објави дека европските земји за гасот ќе плаќаат само во рубљи. Цената
на гасот и оваа недела скокна на 1.500 евра, а нафтата надминува 119 долари.
Професорот на белградската банкарска академија Исмаил Мусабеговиќ оценува дека
Русија е незаменлива во следните десет години како извор на енергија за Европа.
-Колку подолго трае овој воен конфликт, толку поголеми ќе бидат последиците во економиите на сите земји - и оние кои воведоа санкции и оние чии санкции се воведени, нагласува Мусабеговиќ, пишува РТС.
Продажбата на руски гас во рубљи направи промени на берзите. Професорот вели дека плаќањето во рубљи е нешто што е релативно ново.
„Во суштина, рубљата ја брани Централната банка на Русија, а поради санкциите се губи вредноста, заради што Централната банка интервенира на отворениот девизен пазар и купува или продава во зависност од поставените лимити за дневните валутни флуктуации“, објаснува Мусабеговиќ.
Тој посочува дека во ситуација кога се соочува со санкции, руската централна банка делумно е оневозможена затоа што тоа се прави од девизните резерви.
„Ниту една централна банка не ја бранеше својата валута на долг рок. Така, потегот на Русија сега е всушност Западот да ја брани рубљата барајќи да со рубљата за да плаќа за гасот“, објаснува Мусабеговиќ.
Дали Русија се враќа на меѓународните финансиски пазари?
Тој наведува дека Русија од 2014 година се обидува да дедоларизира, односно да врши плаќања во други валути, како и дека претходно споменувала плаќања во рубљи.
„Со овој потег Западот практично би ја бранел рубљата од голем пад“, додаде тој.
На прашањето дали тоа практично значи враќање на Русија на меѓународните финансиски пазари, Мусабеговиќ одговори потврдно, но дека финансиските пазари се во посебен режим кон Русија.
„Доколку се врати, дел од санкциите ќе треба да се укинат, бидејќи не може да се изврши ниту една трансакција, а санкциите се такви какви што се, тоа би било спротивно на законот на земјата која воведе санкции или групи земји“, рече Мусабеговиќ.
