Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската новинарка која упадна во програма во живо и побара запирање на војната доби парична казна

Руската новинарка која упадна во програма во живо и побара запирање на војната доби парична казна

Новинарката Марина Овсјаникова e осудена на казна од 250 евра, oткако влета во програма во живо и повика да се запре војната во Украина. 

Таа синоќа ја прекина информативната програма на руската државна телевизија во знак на протест против војната во Украина, а е казнета со 30.000 рубљи (250 евра).

Судот ја прогласи Марина Овсјаникова за виновна за непочитување на законот за протести, објави руската државна новинска агенција РИА.

Новинарката беше обвинета за организирање неовластен јавен настан, со што и се закануваше парична казна, општокорисна работа или 10 дена затвор. Овсјаникова беше приведена по протестот. 

Во меѓувреме на Телеграм каналот на нејзиниот адвокат Антон Гашински споделена е заедничка фотографија со Овсјаникова во судот.

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) претходно побара итно ослободување на Овсјаникова.

„Етичкиот чин на Овсјаникова ги потсетува новинарите дека тие се таму за да служат на вистината и на јавниот интерес, а не на посебните интереси на оние што се на власт. Силно ги осудуваме обвиненијата против неа и бараме тие веднаш да бидат отфрлени“, рече генералниот секретар на ЕФЈ, Рикардо Гутиерез.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и понуди азил или други форми на конзуларна заштита на новинарката. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести