Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКАТА ИНВАЗИЈА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ СЕКОЈ МОМЕНТ: Дури и додека трае Олимпијадата

РУСКАТА ИНВАЗИЈА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ СЕКОЈ МОМЕНТ: Дури и додека трае Олимпијадата

Русија испрати повеќе сили на границата со Украина и може да изврши инвазија во секое време, вклучително и за време на Зимските олимписки игри, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој рече дека Вашингтон ја „повлекува“ својата амбасада во Украина и го повтори повикот на Стејт департментот до американските граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата.

„Едноставно кажано, продолжуваме да гледаме многу загрижувачки знаци на руска ескалација, вклучително и нови сили кои пристигнуваат на украинската граница. Како што рековме претходно, инвазијата може да започне во секој момент, а да бидеме јасни, тоа мпже да се случи и додека трае зимската Олимпијада, изјави Блинкен на прес-конференција во Мелбурн.


Русија, која има повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина, ги негира обвинувањата на Западот дека планира да го нападне својот поранешен советски сосед.

Официјален Лондон уште вчера соопшти дека „најопасниот момент“ во конфликтот на Западот со Москва се чини неизбежен, бидејќи Русија одржува воени вежби во Белорусија и Црното Море, откако ги акумулираше своите сили во близина на Украина. Американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Украина веднаш да заминат поради, како што рече, зголемените закани од руска воена акција, а Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да го повлекува персоналот од својата амбасада.



Слично

Поврзани вести