Руската група „Вагнер“ набавила оружје од Северна Кореја?
САД тврдат дека руската група „Вагнер“ набавила оружје од Северна Кореја за војната во Украина. Но, се смета дека количината на материјал испорачан од Северна Кореја нема да ја промени динамиката на бојното поле во Украина.
„Можеме да потврдиме дека Северна Кореја ја спровела првата испорака оружје за ’Вагнер’, кои платија за опремата. Минатиот месец, Северна Кореја испорача пешадиски ракети и проектили во Русија за употреба од страна на ’Вагнер’“, рече официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен.
САД веруваат дека испораката на оружје од Северна Кореја е директно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ова прашање планираат да го покренат пред Советот за безбедност.
Слично
