Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската армија спречи масовен напад на Крим

Руската армија спречи масовен напад на Крим

Спречивме масовен напад на Крим, соборени се шест дрона, соопшти руската власт. 

Руското Министерство за одбрана денеска информираше дека армијата спречила обид за масовен напад со дронови на Крим. Како што велат, освен соборени шест дрона, четири се оневозможени електронски, пренесува „РИА новости“. Во овој напад нема жртви и не е направена штета.

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Русија е загрижена поради можноста од украинска провокација во близина на молдавско Приднестровје, каде што Киев, како што вели Захарова, поттикнува вакви тензии. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не верува во изјавата на советникот на шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Михајло Подољак, дека Киев не напаѓа руска територија.

„Не му веруваме“, рече Песков за изјавата на Подољак. 

Вчера на руска територија е соборен дрон. Украина не соопшти дали стои зад овој напад. 

Американскиот институт за војна вели дека Москва ги засилува дезинформациите за да го одвлече вниманието од нејзиниот недостиг на успех на теренот.

Институтот се повикува на вчерашните обвинувања на Русија против САД, во кои Русите тврдат дека САД планираат провокации во Украина со употреба на токсични хемикалии. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести