Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската армија го контролира рударскиот град Соледар на патот кон Бахмут

Руската армија го контролира рударскиот град Соледар на патот кон Бахмут

Русија го контролира најголемиот дел од рударскиот град Соледар во источна Украина по неколкумесечни борби со украинските сили, објави британското Министерство за одбрана. Руските трупи и платеничката група Вагнер напредуваа во изминатите четири дена, се вели во соопштението.

Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, каде што се водат и крвави битки.   Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во Соледар „речиси нема живот“ и дека е „срамнет со земја“.

Соледар, кој пред војната имаше околу 10.000 жители, може да се смета за отскочна даска за заземање на Бахмут, но неговата стратешка вредност е под знак прашалник.

Неименуван американски функционер минатата недела изјави дека Евгениј Пригожин, основач на Вагнер групација, сакал контрола врз рудниците за сол во областа.

Британските разузнавачи известија дека борбите се воделе главно на влезовите на напуштените тунели.

Пригожин ги потврди овие наводи, опишувајќи ги како „шлаг на тортата“, при освојувањето на Бахмут. Тој ги опиша тунелите како мрежа од „подземни градови“, низ кои можат да се движат големи групи луѓе на длабочина од 80 до 100 метри, како и големи тенкови и борбени возила.

Сепак, британските разузнавачи веруваат дека Русија веројатно нема веднаш да го заземе Бахмут поради силниот украински отпор.

Во меѓувреме, висок воен функционер од американското Министерство за одбрана во понеделникот рече дека „добар дел“ од Соледар е во руски раце.

Борбите за Бахмут траат со месеци, а американски официјален претставник последните размени ги опиша како „дивјачки“.

Фото: EPA/ SERGEY KOZLOV

Слично

Поврзани вести