Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската армија го блокира излезот на цивилното население од опколените градови

Руската армија го блокира излезот на цивилното население од опколените градови

Украина цврсто се спротивставува на руската инвазија 48-ми ден. За време на војната, агресорот претрпе загуби од големи размери, не постигнувајќи ги посакуваните резултати, продолжува со ракетните напади и акумулира сили на истокот на земјата. 

По неуспехот на првата етапа, Русија сега активно се подготвува за втората фаза од офанзивата. Воените експерти сметаат дека ситуацијата на фронтот може да се заостри во наредните денови.

Мариупол и понатаму се наоѓа во многу тешка позиција. Руските трупи веќе втор ден по ред не го пуштаат населението да излезе со сопствен превоз.Оние коридори кои работеа за излез барем во еден правец, сега и тие веќе не работат. Во другите региони ситуацијата е иста, во Запорижската област напаѓачите блокираа автобуси за евакуација, а во Луганската област постојаното гранатирање не дозволува ниту можност за евакуација.

Фактот за задржување на цивилното население значи дека Русија вонајскоро време ќе премине на спроведување на втората фаза од операцијата на истокот и југот на Украина. Анализата на тактиката на руската армија укажува на тоа дека цивилното население не се пушта од градовите со цел да се искористи за пропаганда. Во случај на заземање на украинските градови, Русите ќе почнат да снимаат приказни за тоа како дистрибуираат хуманитарна помош, како и да ги принудуваат луѓето да раскажуваат лажни информации за украинските војници, обвинувајќи ги за воени злосторства, со што ќе се обидат да го нивелираат геноцидот кој го извршија во градовите во Кијивската област.

Здружение Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести