РУСКАТА АГЕНЦИЈА ЈА ОБЈАВИ МОЖНАТА ПРИЧИНА ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА КРИМ: продолжува евакуацијата на населението
Во северниот дел на Крим експлодира складиште за муниција, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на управата на селото Мајское. ТАСС додава дека во тек е евакуација на локалното население.
Министерството за одбрана на Руската Федерација потврди дека дошло до експлозија во магацин за оружје на Крим, но дека нема сериозно повредени.
Претходно во вторникот РИА исто така извести за пожар во трафостаница на Крим на 20 километри од селото, пренесува Ројтерс.
Гарний феєрверк як ні крути.
— Анатолій Штефан (Штірліц) (Shtirlitz53) August 16, 2022
Окупований Крим. Джанкой.
Слава Україні та її воїнам<>Telegram - https://t.co/GLExONwKU2 https://t.co/41fyVb8yaV pic.twitter.com/CmKsns6DHC
Крим, кој е под руска контрола од 2014 година, беше главната почетна точка за воената кампања што Русија ја започна во Украина на 24 февруари.
Украина официјално не ја потврди или негираше одговорноста за пријавените експлозии на Крим во последните денови, јавува Ројтерс.
- Потсетување: Крим како нормална земја е - Црно Море, планини, рекреација и туризам, но Крим окупиран од Русите е - магацински експлозии и висок ризик од смрт за напаѓачите и крадците, твитна советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак по експлозиите во вторникот.
Руските извештаи не прецизираат колку вкупно експлозии се случиле.
Минатата недела, серија експлозии во воена воздухопловна база во градот Новофедоривка, на западниот брег на Крим, се чини дека предизвикале голема штета и уништиле неколку руски воени авиони, според комерцијалните сателитски снимки.
Русија го нарече инцидентот несреќен случај.
Фото: Принскрин/Твитер
