РУСКА САЛАТА НА ГЛАВНОТО МЕНИ НА САМИТОТ НА НАТО ВО МАДРИД: Збунети и новинарите и официјалните лица
Додека вчера се
очекувашепристигнувањето на американскиот
претседател Џо Бајден и другите светски лидери на периферијата на Мадрид,
официјалните лица и новинарите беа прилично збунети кога видоа руска салата на врвот на главното мени во ресторанпткаде се собраачелниците врвот на овогодинешниот
самит на НАТО.
Мешавината од грашок, компири, моркови и мајонез беше главното мени на шпанскиот ресторан, но во пресрет на самитот, кој се очекува Русија да биде означена како безбедносна закана во новиот стратешки концепт на алијансата поради инвазијата на Украина, присуството на менито предизвика неверување.
„Руска салата на самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадења“, изјави новинарот Инаки Лопез за шпанскиот медиум Ла Секта. И покрај изненадувањето, руската салата наводно била потрошена за неколку часа, како резултат на тоа што Хозе Андрес, шпанскиот готвач кој беше задолжен за менито, го преименуваше своето јадење во украинска салата.
