Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКА ПРОЛЕТ: Украина оди кон граѓанска војна?

РУСКА ПРОЛЕТ: Украина оди кон граѓанска војна?
Во Украина се случува „руска пролет“, револуција слична на „арапската пролет“, тврдат проруските приврзаници во источните украински градови, кои бараат отцепување и приклучување кон соседна Русија. Проруските активисти во Харков денеска развеале транспаренти со натписи: „За руска пролет! Крим-Донбас-Одеса-Харков!“ и ставија до знаење дека она што се случуваше досега е само прва фаза од развојот на кризата во Украина. Сепак, односот на Москва кон овие региони е повоздржан во однос на одлуката за припојување на Крим. Една од причините за ова е помалиот процент на руско население - во Доњецк, Харков и Луганск процентот на Руси не надминува 50 отсто, како што тоа беше случај на Крим. Исто така, проценката е дека во овие региони киевските власти можат многу побрзо да реагираат на евентуална побуна. Украинските власти пак, веруваат дека зад проруските сепаратисти во источните делови на земјата сепак стои официјална Москва. Русија останува на барањето за федерализација на Украина, при што источните региони би добиле можност за автономија, опција која не е прифатлива за Киев. Паралелно со ова, украинската Врховна рада усвои законски измени со кои во иднина за секој обид за менување на државната граница ќе следи казна затвор од пет години, а доколку притоа се случи смрт или други сериозни последици казната може да биде од 15 години до доживотен затвор. Иста казна следува и за спречување нна легитимните активности на украинската војска, која во изминатите три недели успеала да собере 5,5 милиони евра помош за своите операции, во најголем дел од украинските бизнисмени.  
Слично

Поврзани вести