Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руска новинарка: Сега Полска има свој регион Белгород, што очекувавте?

Руска новинарка: Сега Полска има свој регион Белгород, што очекувавте?

Руската новинарка Маргарита Симонјан, главен уредник на Russia Today се исмева со НАТО, откако ракети паднаа на полска територија каде загинаа две лица. 

„Сега Полска има свој регион Белгород. Што очекувавте? напиша Симонјан на Телеграм.

Таа изразува сомнеж во капацитетите на НАТО. 

„Ако ова не е намерна провокација, има една добра вест. Земја на НАТО е толку лошо одбранета што секој случајно може да ја погоди со било што, а целото НАТО нема ни да знае кој ја погодил, со што и зошто“, напиша таа.


Ракети убија две лица во полското село Пржеводов, на само неколку километри од границата со Украина. 

Украинската пратеничка Кира Рудик во интервју за Sky News утрово го коментираше вчерашното паѓање на ракета врз село во Полска. Таа рече дека без оглед на потеклото на ракетата, руската агресија е на крајот виновна за немилиот настан.  Вели дека дури и да им паднала ракетата во Полска, тие ги бранеле своите животи. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави вчерашниот напад врз Полска најверојатно бил од воздушната одбрана на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека прелиминарните информации сугерираат дека е малку веројатно ракетата што предизвика експлозија во Полска во вторникот и уби двајца цивили да била истрелана од внатрешноста на Русија.

Но, вчера, откако беше објавено дека ракетата што паднала врз полско село недалеку од границата со Украина уби две лица, украинскиот претседател Володимир Зеленски направи голема грешка од која корист ќе имаат Русија и неговиот руски колега Владимир Путин.

Слично

Поврзани вести