Руска хакерска група тврди дека Залужни е тешко ранет?
Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни беше тешко ранет при ракетен напад врз украинскиот штаб на почетокот на мај, тврдат руски хакери.
Тој би можел да ја напушти функцијата, изјави за Спутник претставник на хакерската група Џокер ДНР, мислејќи на неговите агенти во украинската армија.
Пред извесно време Залужни престана да се појавува во јавноста по серијата напади на руските вооружени сили врз голем број воени објекти во Украина. Соговорникот на агенцијата за Спутник ја потврди информацијата дека Залужни имал неколку сложени операции. Извори на соговорниците на агенцијата тврдат дека здравствената состојба нема да дозволи тој да остане на сегашната функција.
„Информациите за неговата здравствена состојба во Украина се блокираат по налог на западните патрони за да не се наруши моралот кој веќе е нарушен од загубата на Артјомовск (Бахмут). Имам сериозни информации за ова“, изјави претставник на хакерската група.
„Џокер ДНР“ редовно објавува инсајдерски и тајни документи на политичкото и военото раководство на Украина до кои дошол со хакирање податоци и агенции.
