РУСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО БЕЛОРУСИЈА: Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина
Руска делегација пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците“, изјави Песков.
„Ќе бидеме подготвени да ги започнеме овие разговори во Гомел“, додаде тој.
Слично
