Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руска бура околу Бахмут: Зеленски соопшти лоши вести

Руска бура околу Бахмут: Зеленски соопшти лоши вести

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека се повеќе се заоструваат борбите околу Бахмут, градот на истокот од земјата кој руските сили со месеци се обидуваат да го заземат.

„Најголемите тешкотии се исти како и досега во Бахмут... Русија воопшто не ги брои своите луѓе, постојано ги праќа да ги напаѓаат нашите позиции. Интензитетот на борбите само се зголемува“, рече Зеленски во својата редовна порака до граѓаните.

Од минатото лето, руските сили се обидуваат да го заземат Бахмут, кој стана симбол на борбата за контрола над регионот Донбас во источна Украина.

Руските сили со недели се обидуваат да го опколат Бахмут и успеаја да пресечат неколку важни патишта за снабдување на украинските сили.

Руската паравоена група „Вагнер“, која е на линијата на фронтот во тој дел на Украина, минатата недела објави дека освоила три села во близина на Бахмут.


Русите вршат притисок на Бахмут, но Украинците добија неочекуван сојузник


Слично

Поврзани вести