Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руска бригада побегнала од предградие на Бахмут?

Руска бригада побегнала од  предградие на Бахмут?

Украинците потврдија дека руска бригада избегала од предградие на градот Бахмут каде со месеци се водат жестоки борби. Една бригада обично има по неколку илјади војници. 

Украински војници денеска соопштија  дека принудиле руска пешадиска бригада да се повлече од областа кај Бахмут, потврдувајќи ја неодамнешната изјава на лидерот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин дека руските сили побегнале.

Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на некои агенции за коментар, а светските агенции пренесуваат дека не можат независно да ја потврдат ситуацијата на теренот. Францускиот парламент ја повика Европската Унија (ЕУ) официјално да ја прогласи руската платеничка група „Вагнер“ за терористичка група, а Велика Британија се подготвува за потегот. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести