РУСКА АМБАСАДА ПОТВРДИ: Бугарија дозволила прелет на авионот на шефот на руската дипломатија
Руската амбасада во Бугарија соопшти дека бугарските власти дозволиле авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да прелета низ бугарскиот воздушен простор за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Северна Македонија.
„Да, потврдуваме“, изјавија од руската амбасада за РИА на прашањето дали е вистина дека Бугарија дозволила авионот на шефот на руската дипломатија да прелета.
Портпаролот на Европската унија Петер Стано претходно изјави дека дозволата за прелет на руското Министерство за надворешни работи не претставува кршење на антируските санкции.
Состанокот на министрите за надворешни работи на 57 земји-членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје од 30 ноември до 1 декември на барање на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, јави Танјуг.
Политика.рс