Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руска агенција ги откажала сите патувања за Хрватска и Црна Гора ова лето

Руска агенција ги откажала сите патувања за Хрватска и Црна Гора ова лето
Еден од најстарите тур-оператори во Русија „Ascent Travel“ специјализиран за патувања во Црна Гора и Хрватска, ги откажа сите сои летни аранжмани токму поради слабиот интерес на граѓаните за летен одмор, информираат хрватските медиуми. Агенцијата веќе им вратила 4,5 милиони рубљи (околу 800.000 куни) на патниците кои минатиот викенд требале да пристигнат во Хрватска и во Црна Гора, а на останатите треба да им врати уште 16 милиони рубљи. „Ascent Travel“ морал да ги откаже сите чартер програми за своите клучни летни дестинации, бидејќи поради малата побарувачка, не можел да ја исполни квотата, изјавил Јевгениј Cудбин од агенцијата. Побарувачката за патување во Хрватска паднала за најмалку 20%. Причината за тоа е вкупниот пад на потрошувачката во Русија како и визите кои им се потребни на русите за влез во Хрватска по 1 јуни 2013 година, пишува Moscow Times.
Слично

Поврзани вести