Русите зазедоа уште еден украински град
Руските сили објавија дека целосно го зазеле украинскиот град Изјум во областа Харков. Ова е градот со стратешко значење и се наоѓа на патот којшто ги поврзува сепаратистичките области Луганск и Доњецк со Харков.
„Руските вооружени сили продолжуваат да ги извршуваат мисиите на специјалната воена операција. Утрото на 24 март единиците на руската армија презедоа целосна контрола врз градот Изјум во областа Харков“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов изјави дека за еден месец од руската инвазија во градот се уништени околу 1.000 објекти и исто толку станбени згради.
Утре се навршува еден месец откако Русија ја почна инвазијата на Украина.Украинскот претседател Володимир Зеленски бара странска помош за обнова на Украина.
