Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ЗАДОВОЛНИ: Колку странци ги посетиле за време на Мундијалот?

РУСИТЕ ЗАДОВОЛНИ: Колку странци ги посетиле за време на Мундијалот?

Во Русија додека траеше Светското првенство во фудбал допатувале над три милиони странци, љубители на спортот. Ова е двојно повеќе од билансот по Зимските олимписки игри во Сочи.

Премиерот им се заблагодари на жителите на сите градови каде што се одиграа натпреварите, и на волонтерите.

„Се проценува дека повеќе од три милиони странски државјани ги посетиле градовите домаќини на Мундијалот и сигурни сме дека огромен дел од нив си заминаа со убави впечатоци. Убеден сум дека тоа ќе влијае на начинот на кој на нашата земја се гледа во светот“ - вели рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесе агенцијата „Тас“.

Русите им дозволија на странците кои доаѓаат на најпрестижните фудбалски турнири да влезат во државата без виза.

Светското првенство се одржа од 14 јуни до 15 јули, а градови домаќини беа Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казањ, Калининград, Самара, Нижни Новгород, Волгоград, Ростов, Саранск и Екатеринбург.

Слично

Поврзани вести