Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите во Државната дума поставија карта со новите граници на Русија

Русите во Државната дума поставија карта со новите граници на Русија

Во Државната дума се појави карта со новите граници на Русија. 

Kaртата ги опфаќа и анектираните украински региони.
„Таа се наоѓа на првиот кат од зградата на Државната дума“, објави пратеникот на Думата Денис Парфјонов на својот канал Телеграм.
Во есента лани, рускиот претседател Владимир Путин потпиша четири федерални уставни закони за прием на Народните републики Доњецк и Луганск, како и регионите Запорожје и Херсон во Русија. Но, Украина не сака да прави компромис за територии.  Дел од окупираните територии, Украина веќе ги ослободи. 
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја повика Јужна Кореја да ја зголеми поддршката за Украина.
Фото. Telegram Red.Парфенов

Слично

Поврзани вести