Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите веќе ја носат рубљата на Крим

Русите веќе ја носат рубљата на Крим
Централната банка на Русија во рок од една недела ќе ги отстрани сите технички пречки за воведување и користење на руската рубља како валута на Крим. Рубљата треба да ја замени украинската гривна, откако жителите на Крим на референдум се изјаснија дека се за отцепување од Украина и приклучување кон Русија. Веќе започнала испораката на првите мобилни центри за пресметка и обработка на сите плаќања, како и за следење на текот на готовите пари. „Мобилните кеш центри“ треба да ја обезбедат исплатата на пензии, социјална помош и заеми на Крим, по заканите на Киев дека со блокада на системот целосно ќе биде укинато финансирањето на оваа област од украинскиот државен буџет.
Слично

Поврзани вести