Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите веднаш ќе почнат со реконструкција на мостот на Крим

Русите веднаш ќе почнат со реконструкција на мостот на Крим

Реконструкцијата на мостот на Крим ќе започне денеска, најави прорускиот лидер на Крим Сергеј Аксјонов, пренесува Тасс.

„Работата на реконструкцијата на мостот на Крим нема да зависи од бирократијата. Ќе започнеме денеска, штом Истражниот комитет и Федералната служба за безбедност ќе завршат со својата работа“, напиша Сергеј на социјалната мрежа Телеграм.

Камион утрово експлодира на Кримскиот мост, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што минувал. Има и три жртви. Од водата се извлечени тела на две жртви, маж и жена чиј идентитет се утврдува.

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека реакцијата на режимот во Киев на уништување цивилна инфраструктура ја покажува неговата терористичка природа.

Украина не презема одговорност, но советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак изјави дека ова е само почеток, и она што е окупирано, украдено ќе биде вратено. 

Слично

Поврзани вести