Русите уништиле складиште со оружје во Одеса и елиминирале скоро 200 украински војници
Руските сили уништиле големо складиште со западно оружје во украинскиот град Одеса. Таму имало оружје кое Украина го добила од САД и Европа.
Официјална Москва информираше дека со ракети со висока прецизност e уништeн логистичкиот терминал на воениот аеродром кај Одеса. Руските сили во текот на вчерашниот ден елиминирале скоро 200 украински војници и уништиле шест командни пунктови и 10 артилериски батерии, наведува руската агенција ТАСС.
Досега има илјадници убиени и милиони раселени за два месеци војна. Русија на 24 февруари годинава ја почна инвазијата на Украина.фото Принтскрин
Слично
