Русите уништија фабрика за експлозиви близу Павлоград
Руските сили гранатирале украинска фабрика за експлозиви.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија погоди украинска фабрика за експлозиви, неколку артилериски складишта и стотици други цели. Се работи за уништена фабрика во близина на Павлоград во реонот на Днепар во централна Украина.
„Артилерија погоди 423 украински цели во текот на ноќта, вклучително и утврдени позиции, додека воените авиони уништија 26 воени цели“, стои во соопштението.
За Велигден немаше примирје. Украина даде предлог, но засега нема одговор од Русија.
Слично
