Русите убиле 38 деца, уништиле над 200 училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради, вели Резников
Во руските акции во Украина се убиени 38 и повредени повеќе од 70 деца.
Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска ги соопшти најновите проценки на жртви и штети. Резников изјави дека има најмалку 400 цивилни жртви и 800 повредени, иако податоците се нецелосни. Русите уништија над 200 украински училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради.
Околу 10 илјади странски студенти, од Индија, Кина и Персискиот залив, се заробени во борбите. Резников рече дека украинските сили убиле над 11 илјади руски војници.
Руските сили се подготвуваат за напад на главниот град Киев во наредните денови, покажува анализата на Институтот за проучување на војната.
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, на видео средбата со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, истакна дека ситуацијата во Украина е загрижувачка и повика на максимална воздржаност.
На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.
