Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите тврдат дека за еден ден погодиле над 240 воени цели во Украина

Русите тврдат дека за еден ден погодиле над 240 воени цели во Украина

Русија соопшти дека за еден ден се погодени повеќе од 240 воени локации во Украина. 

Информацијата денеска ја соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков. Вели дека продолжуваат со удари во воени објекти на украинска територија. 

„Во претходните 24 часа уништија 12 командни штабови, четири проектили и артилериско оружје, магацини за муниција во населбата Никаноровка во Народна Република Доњецк и градот Миколаев, како и персонал и воена опрема на 226 места“, рече Конашенков, пренесува ТАСС.

Кажа дека руската авијација ја нападнала 406-та артилериска бригада на украинската армија во населбата Апостолово во областа Дњепропетровск и дека „елиминирани се 200 војници, уништени се девет артилериски пушки, како и дополнителна воена опрема“.

Шест експлозии одекнаа денеска во главното украинско пристаниште Одеса, ден откако Киев и Москва постигнаа договор во Истанбул за деблокирање на извозот на украинското жито.

Слично

Поврзани вести