Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите тврдат дека во Киев погодиле фабрика за оружје, а станбената зграда сами си ја погодиле Украинците со противвоздушна ракета

Русите тврдат дека во Киев погодиле фабрика за оружје, а станбената зграда сами си ја погодиле Украинците со противвоздушна ракета

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се лажни тврдењата дека погодиле станбена зона во Киев.

– Лажна вест е дека руските сили погодиле цивилни мети во Киев. Ракетите прецизно ги погодија работилниците на фабриката Артиом. Штетите нанесени на соседната станбена зграда се последица од падот на украинските противвоздушни ракети, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Исто така во соопштението се посочува дека фабриката за производство на ракети во Киев била цел на напади и во април.

Украинските власти претходно соопштија дека едно лице загинало, а четвор ица се повредени и се пренесени во болница по нападите рано утрово врз станбена област во близина на центарот на Киев.

Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Слично

Поврзани вести