Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите тврдат дека украинските сили нападнале руски град каде има жртва и запалени куќи

Русите тврдат дека украинските сили нападнале руски град каде  има жртва и запалени куќи

Украинците го нападнале градот Валујка на 150 километри од Белгород, руски град близу границата со Украина. Гувернерот Вјачеслав Гладков објави дека еден граѓанин загинал, а двајца се ранети од ракети кои успеале да ја поминат руската воздушна одбрана. Уништени биле три возила и запалени осум куќи, јавува РТ.

Валујки е град со околу 35.000 жители.  Пожар избувнал на бензинска пумпа во пограничното село Нехотејевска, додека 14 куќи се оштетени во селото Красни Хутор.

Оштетена е трафостаницата и прекинато е снабдувањето со електрична енергија во градот. 

„Активирана е противвоздушната одбрана, но има оштетувања на теренот“, изјави Гладков на Телеграм.

И претходно имаше неколку напади на руски села близу границата со Украина, но немаше жртви. Украина молчеше и не ги потврдуваше овие напади. 

Инаку, САД донираат оружје за Украина, но претходно ја опоменаа Украина да не гранатира цели на руска територија со цел војната да не добие некој друг тек. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести