Русите тврдат дека тела на украински војници се минирани во Киев и оставени во Мариупол
Русите тврдат дека во челичарницата Азовстал во украинскиот град Мариупол е пронајдено комбе со 152 тела на убиени украински војници, под кои биле поставени четири мини, пишува republicworld.
Велат дека украинските сили го оставиле комбето со телата во подземниот комплекс на Азовстал, а мините биле поставени за да ја обвинат Русија за масовно убиство.
Портпаролот на руското Министерството за одбрана, Игор Конашенков изјави дека врз основа на испитувањето на заробените војници од баталјонот „Азов“, телата на загинатите се минирани во Киев, што потоа би се искористило во пропагандни цели. Вели дека телата на загинатите украински војници, наскоро ќе им бидат предадени на претставниците на Украина. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Имаше неколку рунди преговори меѓу завојуваните страни, но тие не вродија со плод.foto EPA-EFE/SERGEY VAGANOV
Слично
