Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите тврдат дека ноќеска убиле 600 украински националисти

Русите тврдат дека ноќеска убиле 600 украински националисти

Русија објави колкави штети им нанела на украинските сили. Велат дека убиле 600 украински националисти. 

Артилеријата на руските вооружени сили ноќеска уништила 32 украински командни пунктови, пет складишта за муниција, 403 упоришта и 61 парче опрема. Податоците денеска ги соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.  Министерството за одбрана на Русија, објави дека нивни проектили уништиле авионска опрема на аеродромот Канатово во централниот украински регион Кировохрад и големо складиште за муниција во јужниот град Миколаев. Руските сили истрелале ракети врз објект на железничката инфраструктура во Дњепар.  Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Засега нема договор. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објасни дали и каков компромис би направил. 

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести