Русите тврдат дека нивната вакцина создава 100 отсто клеточен иминитет
Ефикасноста на руската вакцина против корона вирусот Спутник V во развојот на клеточен имунитет на ковид 19 е близу 100 проценти, изјавила Дарја Егорова, соработник за истражување во лабораторијата за генетски инженеринг на патогени микроорганизми на центарот „Гамалеј“ при руското Министерство за здравство.
„Имунолошката ефикасност се однесува на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор. Во однос на хуморалниот имунолошки одговор (ефикасност на вакцините), тој надминува 98 отсто според резултатите што сега ги имаме, а во однос на клеточниот имунитет, има тенденција кон 100 проценти“, рече Егорова.
Прелиминарната анализа на резултатите од пост-регистрациските тестови на вакцината покажува дека епидемиолошката ефикасност на вакцината е над 91 процент, додаде таа.
„Во моментов имаме податоци за привремена анализа на епидемиолошката ефикасност на вакцината врз основа на резултатите од третата фаза на тестирање, што е во тек. Тие податоци се во фаза на објавување, се надевам дека ќе бидат достапни на пошироката научна заедница во следните неколку недели. Епидемиолошката ефикасност на вакцината е над 91 процент, што се покажа дека е сосема различно во подгрупите на пациентите, без оглед на нивниот пол и возраст“, рече Егорова.
„Ја потврдивме високата безбедност на вакцината, не регистриравме сериозни несакани ефекти или смртни случаи, кои би можеле да бидат поврзани со употребата на вакцината“.
Повеќе од два милиони Руси биле вакцинирани со вакцината Спутник V.
