РУСИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ГИ ОДБИЛЕ НАПАДИТЕ: Украинците петпати се обиделе да ја пробијат границата во Курск
Русија соопшти дека Украинците петпати се обиделе да ја пробијат границата во Курск. Русите тврдат дека ги одбиле нападите.
Руските воени блогери тврдат дека Украина освоила дел од територијата кон Весјоло и Медвеје, а руските сили ја враќаат територијата и ја напаѓаат Љубимовка.
Русија денеска соопшти дека одбила пет нови обиди на украинските сили кои сакале да ја пробијат нејзината граница во регионот Курск, со што вкупниот број на пријавени напади на границата е 26 само во изминатите шест дена. На 6 август, украинската армија упадна во Курск во Русија.
Русија почна голема контраофанзива против украинските сили во Курск на 10 септември, туркајќи ги силите на Киев назад кон реката Снагост. Но, украинските сили една недела пробуваат да ја пробијат руската граница кон Весјоло и Медвеје, обидувајќи се да ја спречат руската контраофанзива на околу 15 километри западно од главното бојно поле во областа Курск. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
