Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите трупаат злато, а сите се прашуваат-зошто толку?

Русите трупаат злато, а сите се прашуваат-зошто толку?

Владата на Русија купила две третини од целото ископано злато во земјата. Купувала и од локалните банки како би ги дополнила резервите.

Кремљ, да потсетиме, го означи тој драгоцен метал како сигурно засолниште во време на геополитички бури.

„За банките ова е добра работа. Оние кои кредитираат рударски компании ќе ги враќаат кредитите со златото кое го извадат. Потоа банките го продаваат на Централната банка“, се наведува во соопштението на руското министерство за финансии.

Русија сега стана најголем купувач на залто во светот, а купувањето од руските банки значајно се зголемило во последните неколку години.

Минатата година руските банки купиле 205.155 тони злато, што е за 4,7 проценти повеќе од 2016 (195,89 тони), а што е околу 67 проценти од вкупното злато произведено во Русија. Ова исто така е зголемување од 13% во однос на 2013та.

Најголеми купувачи се VTB  банка, Sberbank  и Gasprombank. Сите три банки се регистрирани на берзата во Шангај. Во април VTB  најави планови годишно да и продаде на Кина до 100 тони злато. Руската централна банка ги зголеми резервите на злато за 163 тони, на 1 778 тони. Русија речиси ја стигна Кина која има 1 842 тони.

Русија е најголем светски купувач на злато и трет по големина произведувач. Стабилноста на резервите е една од основните причини поради кои Русија купува злато, соопштила ЦБ.

„Банките, посебно државните, се плашат дека нивната актива во странство може да биде замрзната во случај на ширење на санкции“, рекол раководителот на BKF  банката Максим Осадчи.

Слично

Поврзани вести