Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите создадоа и трета вакцина против коронавирусот

Русите создадоа и трета вакцина против коронавирусот

Пуштена e во употреба третата руска вакцина против коронавирусoт. 

Деновиве вакцината ќе биде доставена во руските региони, објави прес-службата на Министерството за наука. Министерот за наука, Валериј Фалков, даде зелено светло за производство на третата руска вакцина против коронавирус „ковивак“ на научниот центар „Чумаков“, со што препаратот е пуштен за цивилна употреба.

„Не во теорија, туку во пракса, за да се покаже потенцијалот и силата на руската наука. Сепак, треба да се запомни дека зад создавањето на вакцината стои работата на стотици работници во центарот, десетици непроспиени ноќи, стотици експерименти и истражувања. И огромна одговорност за резултатот“, изјави Фалков. 

Вакцината се чува на температура од плус 2 до плус 8 Целзиусови степени. „Ковивак“ е целовирусна вакцина. Целиот вирус е земен за нејзино производство, а не само фрагменти. Се претпоставува дека имунолошкиот одговор на вакцината ќе се формира на сите протеини на вирусот. Инактивираната вакцина се состои од „убиен“ вирус САРС-КоВ-2 кој не е во состојба да ги зарази клетките. 

Таа е регистрирана во февруари годинава. Почетните количини на новата вакцина ќе почнат да се применуваат кон крајот на март, додека до крајот на годината можат да бидат произведени најмалку 10 милиони дози.  Русија е меѓу земјите со најголем број заразени во светот. 

Слично

Поврзани вести