Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите собориле „мали воздушни мети со сомнително потекло“ во Сирија

Русите собориле „мали воздушни мети со сомнително потекло“ во Сирија

Руската против-воздушна одбрана во базата Хмејмим во Сирија собори неколку „мали воздушни мети од непознато потекло“, изјавил портпаролот на базата, без да прецизира дали се работи за дронови.

Тој додаде дека немало материјални штети, а уште помалку повредени.

- Пред стемнување на 24 април контролата на воздушниот простор на руската база воочи мали воздушни мети од непознато потекло недалеку од аеродоромот. Сите мети се соборени со системот на против-воздушна одбрана во базата - истакна гласноговорникот за ТАСС.

Руската воздушна база Хмејмим продолжува да работи вообичаено.


Слично

Поврзани вести