Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите со падобран се спуштиле во Киев кога почна инвазијата, но Зеленски за влакно се спаси

Русите со падобран се спуштиле во Киев кога почна инвазијата, но Зеленски за влакно се спаси

Русите за малку не успеале да го ликвидираат украинскиот претседател Влодомир Зеленски. Тој во интервју за американскиот магазин Тајм изјави дека за малку  руските сили ќе го убиеле во првите часови од инвазијата.

Објасни дека првиот ден руските воени сили се обиделе да го окупираат квартот во кој се наоѓа седиштето на Владата. Врвот на украинската армија го информирале Зеленски дека руски војници со падобран паднале во главниот град Киев за да го фатат него и неговото семејство.

„Ние досега сме виделе такви работи само во филмовите“, рече Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот.

Кога започна бомбардирањето, Зеленски и неговата сопруга Олена ги разбудија ќерката и синот за да се подготват за бегство.

„Ги разбудивме, експлозиите беа многу гласни. Тие одекнуваа насекаде“, се сеќава Зеленски.

Војниците му донеле панцири и автомати. Еден од ретките кој знаел да користи оружје бил неговиот советник Алексеј Арестович, ветеран на украинската воена разузнавачка служба.

Руските војници двапати се обиделе да упаднат во владината зграда додека семејството на Зеленски било внатре.  Следната ноќ, откако ја одби понудата да биде во побезбедна средина, Зеленски излезе во дворот и сними порака за охрабрување за украинските граѓани. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести