РУСИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ: Ќе се одмаздат на земјите на НАТО кои дозволија Украина да гаѓа длабоко на руска територија
Русија упатува закани кон западните земји поради поддршката за Украина.
„Русија ќе им се одмазди на земјите од НАТО кои ќе ѝ помогнат на Украина во нападите со ракети со долг дострел на руска територија“, најави шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин.
Наришкин кажа дека промената на руската нуклеарна доктрина која ја најави претседателот Владимир Путин значи дека е всушност невозможно да се порази Русија на бојното поле.
„Нашите непријатели се присилени да признаат дека решителноста на рускиот претседател цврсто да ги брани темелните интереси на земјата со сите расположливи средства го скратува маневарскиот простор за Вашингтон и Брисел“, изјави тој за магазинот Нешнал дифенс.
Вели дека обидите на одделни НАТО сојузници да учествуваат во спроведувањето на можните напади со западно оружје на руска територија нема да помине неказнето.
Украина вчера употреби американски ракети АТАКМС за напад на руска територија, со новата дозвола од владата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден.
„Украина сè уште нема доволно сила да стигне до границите од 1991 година со оружје во рака“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Фокс њуз“.
foto EPA
