РУСИТЕ СЕ СПАСУВААТ ОД ГОРЕШТИНИ: Отворени се 300 „студени соби“
Во Москва Службата за социјална заштита на населението отвори над 300 ,,студени соби “ во сите делови на градот.
Секоја од овие соби има капацитет за околу 100 000 луѓе месечно. Во овие соби се обезбедени пријатни услови за одмор и рекреација на граѓаните на Москва, а се опремени со клима уреди и распрскувачи на вода, пренесува агенцијата Тасс.
Во овие простории посетителите може да добијат и лекарска помош , а во ,,студената соба“ ќе може да гледаат телевизија, да читаат или да играат друштвени игри.
Прв пат вакви соби беа отворени во Москва во летото 2010 година, кога температурата беше многу висока. Деновиве во Москва се измерени над 30 степени.
Слично
